Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик

news
Advertisement

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Advertisement

Министерот за правда Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група , платеното политичко рекламирање да не биде веќе на товар на државата.

Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ.

Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *