Што им е најважно на жените во сексот? Не е предигра…

news
Advertisement

Покрај тоа што стресот негативно влијае на нивниот сексуален живот, жените откриле и што го подобрува.

Advertisement

Најновото истражување покажа дека емотивната поврзаност е најважна работа за жените да имаат добар секс. Но, тие исто така можат да бидат одвлечени од сексуалните активности поради стресот од секојдневниот живот.

Истражувањето е направено со помош на апликација која го пресметува времето на овулација – Киндаро, а сакала да открие дали стереотипите за жените и сексот се вистинити.

Откри дека повеќе од половина од 500 анкетирани жени гласале за емоционална поврзаност како најважен аспект на добриот секс. Помалку од една четвртина изјавиле дека предиграта е неопходна, а само 10 отсто од жените сметаат дека комуникацијата е најважна. Иновациите и зачестеноста на сексот добија помалку од пет проценти од гласовите.

Истражувањето открило дека повеќе од половина од жените чувствуваат дека немаат доволно секс, а три четвртини од испитаниците рекле дека би сакале да уживаат во сексот три пати неделно.

Добрата вест е што речиси една петтина од жените изјавиле дека нема никакви пречки во нивниот сексуален живот, пишува Independent. Инаку, студијата спроведена на почетокот на оваа година откри дека жените претпочитаат секс навечер, додека мажите претпочитаат наутро.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.