Секс по првиот состанок: Жените над 30 години го доживуваат почесто

news
Advertisement

Повеќе од половина од жените во 20-тите би чекале до третиот состанок за да имаат секс, додека речиси една третина од оние над 30 би се согласиле да водат љубов на првиот и вториот состанок.

Advertisement

Третина од жените постари од 30 години попрво би се согласиле на секс на првиот состанок отколку жените во 20-тите години, покажало истражувањето спроведено од британскиот портал datewithmate.com на 1171 сингл жена.

12 отсто од жените на возраст од 24 до 27 години би се согласиле да имаат секс веќе на првиот состанок, а повеќе од 53 отсто од нив би чекале до третиот состанок. Жените постари од 30 години тврдат дека се согласуваат на секс веќе на првиот и вториот состанок.

Три четвртини од испитаниците веруваат дека сексот е важен дел од врската, а 86 отсто од нив признаваат дека барањето партнер на Интернет им дава надеж дека наскоро ќе го запознаат својот животен партнер. Речиси 46 отсто од жените ја барале својата сродна душа на Интернет, потврди истражувањето.

– Дали ќе спиете со некого на првиот состанок зависи исклучиво од вас. Тоа е индивидуална одлука бидејќи секој од нас има свое мислење за тоа, но единственото нешто што ве предупредуваме е дефинитивно да се заштитите – истакнал Лук Помаро, основачот на порталот, а пренесува Дејли Мејл.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.