Ременски по дома готви традиционално украинско јадење, па порача: Цело село мириса

news
Advertisement

За поранешната Министерка Фросина Ременски веќе е познато дека поголем дел од времето минува на село и работи домаќинки работи.

Advertisement

Овојпат на својот профил на фејсбук сподели неколку поста од село Ратево и покажа што зготвиал.

Со превкусниот украински борш првпат се сретнав во Киев во 2012 година. Од тогаш до денес ги подготвувам сите негови варијанти за различни пригоди секогаш сервиран со павлака или кисело млеко и потпечено лепче.

Едноставен, а богат вкус на чорба/супа полна со витамини од телешкиот бујон, зеленчукот, зачинските билки и оцетот што се додава на крај.

Цвеклото како главен зеленчук на боршот му дава прекрасна боја која само блицот на камерата може да го смени

Додека го подготвував денес се присетив на корисниот студиски престој во Киев кој се градеше во екот на фудбалското првенство во 2012 година, на прекрасните знаменитости, на стекнатите искуства и пријателства кои траат и денес.

Украина денес се соочува со животен и егзистенцијален предизвик – во јна која ја засени нејзината убавина, но истовремено го истакна нејзиниот херојски и патриотски подвиг кој заслужува искрена почит и поддршка.

Украинската амбасадорка во РСМ ННаталиа Задорожник е прекрасна личност која знае како се чува, негува и шири љубовта кон Украина и како се дели заедничката помош и поддршка помеѓу македонскиот и украинскиот народ.

Се надевам дека, ќе има прилика да го проба традиционалниот украински борш подготвен на македонски начин. Најважниот зачин е љубовта.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.