Русија ќе ги произведува автомобилите „Москвич“ во поранешната фабрика на „Рено“

news
Advertisement

Денеска, по пауза од две децении, Русија го рестартираше производството на „Москвич“, автомобилска марка од советската ера, во поранешната француска фабрика „Рено“, соопшти руското Министерство за индустрија и трговија. Во мај, „Рено“ продаде мнозински удел во автомобилскиот производител „Автоваз“ на руската држава, наводно за една рубља, со можност за откуп во рок од шест години.

Advertisement

Француската компанија исто така за една рубља ја продаде фабриката која сега се нарекува Московска автомобилска фабрика „Москвич“, потсетува Ројтерс. Таа фабрика сега треба да го произведува „Москвич“, автомобил од ерата на Советскиот Сојуз. „Првиот „Москвич“ ќе излезе од производната линија во декември 2022 година“, објави во соопштение рускиот производител на камиони „Камаз“, технолошки партнер на фабриката.

Крајната цел е да се произведуваат 100.000 „Москвич“ автомобили годишно, вклучувајќи ги и нивните електрични верзии, значително помалку од просекот за автомобилската индустрија, чии фабрики произведуваат од 200.000 до 300.000 автомобили годишно.

Оваа година би требало да се произведат 600 „Москвич“ автомобили. Автомобилите би можеле да се вратат во изменета верзија бидејќи ќе биде произведен користејќи го дизајнот, инженерството и производствената платформа на кинескиот производител на автомобили „JAC“, изјавија неименувани извори за Ројтерс.

Западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина го отежнаа пристапот до делови произведени од странство, а многу странски производители на автомобили ја напуштија земјата. „Камаз“ и руската влада воспоставија нови синџири на снабдување, но не откриваат детали.

„Во блиска иднина задача е да се воспостават процеси на склопување од мал обем со вклучување на локални добавувачи до крајот на 2023 година“, се вели во изјавата на министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. Министерството најави дека со почеток на целосно производство ќе се овозможи отворање на дополнителни 40.000 работни места.

„Москвич 3“, опишан како модерен урбан теренец, ќе биде пуштен во продажба во декември, соопшти Министерството. Релансирањето на „Москвич“ веројатно нема да ги промени мрачните изгледи за руската автомобилска индустрија, која би можела да продаде помалку од еден милион автомобили оваа година за прв пат во модерната историја на Русија, забележува Ројтерс.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.