Рускиот митрополит Антониј во Скопје, која е неговата цел за посетата?!

news
Advertisement

Рускиот митрополит Антониј, кој е директор на Одделот за меѓународни односи на Руската православна црква и викар на патријархот Кирил, денеска ќе ја посети Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Информацијата за посетата на рускиот владика на Скопје за ТВ Сител ја потврдил митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј. Сепак тој не изнесол детали за целта на посетата на миторполитот Антониј, кој според некои медиуми, ќе имал средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

Advertisement

Некои бугарски медиуми наведуваат дека митороплитот Антониј во декември минатата година во Софија имал „тајна” средба со бугарскиот патријарх Неофит по која, како што посочуваат, Синдот на БПЦ одлучи да го признае томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА./Zoom.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.