Руски војник го раскажува искуството од инвазијата на Украина: Нѐ претворија во дивјаци

news
Advertisement

Не гледам правдина во оваа војна. Не гледам вистина“, вели Павел Филатјев, руски војник бргу вратен од Украина во Москва поради здравствен проблем, во разговор со новинар на британскиот весник „Гардијан“.Павел Филатјев пред две седмици на својата страница на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ објави „бомба“ – своите сеќавања и ставови за инвазијата на Украина во документ од 141 страница. По разговорот со новинарот на „Гардијан“ избегал од Русија, стравувајќи од одмазда од државата и поединци поради својата искреност.

Поранешниот падобранец, секако, ги знаел последиците за тоа што го кажува. Знаел дека ризикува затвор, да биде нарекуван предавник и да биде омразен од своите поранешни соборци, пишува „Гардијан“.

Не гледам правдина во оваа војна. Не гледам вистина. Не се плашам да се борам во војна. Но мора да почуствувам правдина, да разбирам дека тоа што го правам е правилното. Верувам дека сето ова пропаѓа не само поради тоа што власта украде се, туку бидејќи ние Русите не чувствуваме дека тоа што го правиме е правилно“, вели тој во разговорот со новинарот на „Гардијан“ во кафуле во финансискиот кварт во Москва, наспроти еден парк. Во своите мемоари од фронтот објавени на „ВКонтакте“, Филатјев опишува, ден за ден, како неговата падобранска чета била испратена од украинското копно на Крим, како влегле во Херсон и како го освоиле пристаништето и како потоа еден месец вкопани преживувале тешки артилериски напади близу Миколаив, и како потоа бил повреден и бил евакуиран од конфликтот поради очна инфекција.
Тогаш веќе бил цврсто убеден дека мора да го разоткрие гнилежот во срцевината на руската инвазија на Украина.

„Седевме под артилерски оган кај Миколаив. Тогаш веќе мислев дека тоа што го правиме се г…., зошто по ѓаволите воопшто ни е потребна оваа војна? И тогаш си помислив: Боже, ако преживеам, ќе правам сѐ што треба за да со сопрам ова“.
Минал 45 дена пишувајќи ги своите мемоари од конфликтот, прекршувајќи го кодот на молчење по кој зборот „војна“ е забранет.
Неговите мемоари се именувани „ЗОВ“, според тактичките ознаки на руските воени возила, кои се прифатени во Русија како симбол за поддршка на војната. Како што пишува „Гардијан“, тие се досега најдеталниот искрен отчет од руски војник што учествувал во инвазијата на Украина. Извадоци се преобјавени во руските независни медиуми.
Мајка му му велела да бега од Русија додека може.

Филатјев е сега надвор од Русија, бегајќи некаде во текот на викендот, со помош на руската мрежа за човекови права Gulagu.net, со тоа станувајќи не само првиот руски војник што детално критички ја опишал руската инвазија на Украина, туку и првиот војник што избегал од Русија бидејќи се спротивставува на војната што Русија ја води во соседната земја, пренесува „Гардијан“.

Оригиналниот план на Павел Филатјев бил да ги објави мемоарите и потоа веднаш да се предаде в полиција. Но активистот Осечкин од Gulagu.net, се обидувал да го премисли од тоа и постојано му велел да бега. До оваа седмица Филатјев одбивал да го стори тоа. Во меѓувреме, секоја ноќ ја преспивал во различен хотел, влечкајќи го со себе црниот ранец, обидувајќи се да биде еден чекор пред полицијата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.