Advertisement
Националниот парк „Маврово” доцна синоќа на официјалната Фејсбук страна објави информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на потегот помеѓу селото Јанче и Ростушки мост, која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил.– Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, објави Националниот парк „Маврово” на Фејсбук.
Advertisement
Оттаму додаваат дека доколку некој ја забележи, треба веднаш да ги извести службите на НП „Маврово“.
Advertisement