Саканиот лик во „Еуфорија“ не се враќа во третата сезона: Се прости со солзи во очите

news
Advertisement

Барби Фереира, која ја играше Кет Ернандез во првите две сезони од серијата „Еуфорија“ на ХБО, сепак, нема да ја гледаме во третата сезона.
Еден од најнезаборавните ликови во серијата што постигна светска популарност „Еуфорија“ е ликот на Кет Хернандез, која ја игра Барби Фереира.
Меѓутоа, по две успешни сезони, актерката одлучила да „излезе“ од серијата, а овие наводи ги сподели во инстаграм-приказните на својот профил.
„По четири години отелотворување на најпосебниот и најмистериозниот лик на Кет, морам да се збогувам со солзи во очите. Се надевам дека многу луѓе се препознаа во овој лик и дека ви донесе радост додека го гледавте развојот и патувањето на нејзиниот лик. Вложив многу љубов во тоа и се надевам дека ја почувствувавте. Ве сака Кетрин Хернандез“, напишала Фереира.
Постоеја гласини за тензија на снимањето во текот на втората сезона помеѓу Фереира и креаторот на емисијата Сем Левинсон, но Фереира ги негираше овие наводи за „Инсајдер“.
И покрај критиките дека ја велича зависноста и анонимниот секс, серијата „Еуфорија“ ќе има трета сезона.
Во февруари беше потврдено дека серијата, која освои „Еми“, ќе има трета сезона.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.