72-годишната Неда Украден позираше во костим за капење и порача: Пуштете ги предрасудите

news
Advertisement

Српско-хрватската пејачка Неда Украден ги воодушеви своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ со новата објава.

„Да ми кажеше некој „животот е убав“ и кога ќе наполниш 7 банки, дека ќе пеам, ќе патувам, ќе уживам во семејството, работата, животот – ќе реков: „Се шегуваш“. Но, вистина е! Затоа, уживајте колку што можете и додека можете. Пуштете ги предрасудите!“, напиша Неда во описот на фотографијата на која позира во розов костим за капење.

Пејачката откри дека фотографијата ја направила нејзината внука.
„Мојата внука вели: „Застани да те фотографирам“. И ете ја фотографијата“, додаде таа. 72-годишната Неда сè уште е многу активна во својата работа и редовно одржува концерти. Следниот го најави за 23 август во Црна Гора, поточно во Тиват.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.