Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешнит министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

news
Advertisement

Заврши сослушувањето на поранешниот министер за здравство Беким Сали, на денешната седница на Анкетната комисиј за случајот со Клиниката за онкологија.

Advertisement

Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Вилоета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа.

Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.