Свештеник проневерил 500.000 евра: 150.000 евра потрошил на сајтови за возрасни

news
Advertisement

Католички свештеник обвинет за проневера на вкупно 500.000 евра донации потрошил 150.000 евра на порнографски сајтови, објавија малтешките медиуми.Обвинителите успеале да откријат шестцифрени суми платени на компании поврзани со се*кс страници во живо, пишува Тајмс оф Малта. Исплатите траеле неколку години.
Свештеникот Лук Сегуна им рекол на полициските инспектори дека тоа го направил затоа што бил во „се*ксуална криза“, пишува весникот. Сегуна, парохиски свештеник во Марсакслок на југот на Малта, се изјасни за невин, но црковните власти го суспендираа до крајот на постапката.
Пред судот беа изнесени докази дека Сегуна имал неколку стотици илјади евра на неколку лични банкарски сметки, иако неговата годишна плата била само 20.000 евра.
Освен пари, поседувал колекција од пет мотоцикли и два автомобили. Обвинителите ја изнесоа и информацијата дека Сегуна добил чекови од неколку илјади евра од постар парох. Старецот, кој оттогаш починал, боледувал од деменција кога ги напишал чековите, соопштија на судот.
Сегуна се правдаше дека чековите се всушност враќање на донации кои свештеникот му ги дал на старецот, но обвинителите тврдат дека тие всушност требало да бидат поделени на локалните хуманитарни здруженија.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.