СВР Тетово за ТВ21: Двајца убиени во Челопек, уапсено 60-годишно лице

news
Advertisement

Од СВР Тетово за ТВ21 потврдуваат дека попладнево се случило убиство во тетовско Челопек.

Advertisement

Според полицијата, се работи за лице на возраст од околу 60 години кое е осомничено за убиството на две лица во Челопек.

„Уапсено е 60-годишно лице со иницијали И.И. од село Челопек, по пријава околу 14 часот и 10 минути дека убил 2 негови братучеди од истото село и повредил еден од нив“, велат од СВР-Тетово за ТВ21.

Исто така, ранет е и осомничениот за убиствата, најверојатно од огненото оружје.

СВР Тетово засега не може да го потврди идентитетот и возраста на двајцата загинати и повредени.

Ооттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дека полицијата е на терен заедно со Брзата помош и екипи на Обвинителството.

ИЗВОР. https://mk.tv21.tv/svr-tetovo-za-tv21-dvajtsa-ubieni-vo-chelopek-uapseno-60-godishno-litse/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.