СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ поседува докази за тајни имоти на функционерите нека ги достави до Антикорупциска

news
Advertisement

Откако денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски објави дека неговата партија има документи за нова афера на владејачките партии СДСМ и ДУИ за криење на имот вреден 30 милиони евра од страна на 123 функционери на партиите, реагираа од СДСМ.

Advertisement

Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните. Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. илионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска, реагираат од СДСМ.

„Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец.
Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?“, прашуваат од СДСМ.

-Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување, реагираат од СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.