СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа предизборно да се „тепаат“ на грбот на новинарите

news
Advertisement

Незадоволен член на ВМРО-ДПМНЕ кој не се нашол на избирачка листа, им го нудел на новинарите документот за наводно креирање „лажни вести“ од штабот на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа предизборна војна на грбот на медиумите со документ за кои првите тврдат дека е веродостоен, а вторите дека е фалсификат. Во документот насловен како „оперативен план“, а којшто го објави СДСМ утринава на својата Фејсбук страница, се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ има цел сектор за наводно креирање лажни вести со наводно задолжено лице за нив – Луке Гелевски. „Слободен печат“ се обрати до Гелевски кој најави тужба против СДСМ за оваа како што ја нарече – конструкција и посочи бројни недоследности во документот кои докажуваат дека тој е лош обид за компромитирање на партијата.
– Наведеното лице Ивица Грамбозов не постои воопшто. Моето презиме е утнато. Потписите на документот не кореспондираат со нашите постоечки потписи. На документот е утнат датумот, пишува 5.12.2024 година. ВМРО-ДПМНЕ ќе тужи за сето ова, изјави за „Слободен печат“ Гелевски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничка листа во изборна единица 4, Александар Николоски за „Слободен печат“ вели дека документот којшто е објавен е на меморандум на партијата кој воопшто не се употребува, како и дека дел од луѓето што се наведени во документот со години не стапнале во штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Според информации на „Слободен печат“, документот кој е презентиран им бил нуден на новинари од страна на член на ВМРО-ДПМНЕ незадоволен што не се нашол на избирачка листа. СДСМ утринава објави делови од документот со наводи дека на македонскиот национален сервис се емитувале анкети кои што биле нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести. Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува. Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта. ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку ‘дувла‘ кои ги објавуваат опозициски портали“, објави СДСМ.
Меѓутоа, датумот на документот не е 2023, туку е 2024 година. СДСМ сепак, тврди дека се работи за веродостоен документ и обвинија дека лажните анкети служат за манипулација на граѓаните.
Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски. Ништо не се менува во ДПМНЕ. За овој скандал мора да има одговорност, истакнаа оттаму.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.