СДСМ: Мицкоски и Милошоски се примери за непотизам

news
Advertisement

„Мицкоски, Милошоски и многу други од ДПМНЕ се последни кои имаат некаков образ, затоа што тие се пример за непотизам“ велат од владејачката СДСМ.

Advertisement

„Мицкоски е вработен на Факултет кај својот татко, прво како асистент. Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ, а токму во ЕЛЕМ-турс беше вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски“ соопштија од партијата.

За Милошоски, во партиското соопштение се вели дека „цела фамилија ја вдоми со ДПМНЕ.

– Неговата снаа Александра е вработена во УЈП,
– Неговиот вујко Владимир е вработен во Катастар,
– Братучедот на Милошоски, Станко е вработен во Централен регистар,
– Братучедката Елизабета е вработена во основно училиште,
– Неговиот зет Марјан беше раководител во МЕПСО“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.