[ВИДЕО] Николовски се скара со новинарите: Чичко ми е вработен во М-НАВ пред да се родам, а внукот е школуван во Јапонија

news
Advertisement

Прашањата за неговите чичко и внук кои работат во М-НАВ го вознемирија денес министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Advertisement

Место да одговори на новинарско прашање како ќе ја убеди јавноста дека не влијаел за вработување во М-НАВ на неговиот братучед, имајќи предвид дека беше и вицепремиер за борба против корупција, министерот Николовски направи обид да ги уредува содржините во медиумите па на новинарката која го постави прашање и кажа дека требало да се интересира за постигнувањата и достигнувањата во земјоделието каде што изминатава година имало над 100 реализирани проекти.

„Жалам што наместо да се интересирате за темите за земјоделие, што е основа на македонската економија, се обидувате директно да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг на новинари и жалам што во година 2023. во која имавме над 100 реализирани проекти не се испромовира тоа што со труд и со енергија целиот овој тим го работи и најбитно било ова прашање на кое пак ќе го дадам истиот одговор. Чичко ми работи пред јас да бидам роден. Зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал, работел и се вработил пред 83? И 20 години претходно. И тоа ви и е најбитната тема место да информирате за она што граѓаните ги интересира. И второ, знаете за каков кадар станува збор? За највисоко стручно посветен кадар, школуван во Јапонија во Кина и во Словенија кој после 20 години се вратил во земјата и секој од нас треба да се бори да ги задржи младите тука. Тоа се впрочем и нашите политики. Како што чичко ми работел пред 40-50 години, а јас според вас сум можел да влијаам на тоа вработување, во ниту еден случај не сум влијаел и немам комуникација, впрочем. И не сакам да одам понатаму“, рече министерот Николовски.

https://www.facebook.com/share/v/rRmu13q6kLjYHU17/?mibextid=4rjikB

Посочи дека тој преку личен пример со вработувања во неговиот кабинет покажал дека може да се стави крај на непотизмот и партиските вработувања со тоа што ги запознал вработените дента кога завршиле сите постапки за вработување.

„Јас се гордеам и се борам секој млад човек да остане тука, место да праќаме порака луѓе тука не ја бива, бегајте. Имаше постапка во ДКСК, ја затворија, дали станува збор за некој кој не е квалификуван, школуван или не доаѓа токму во областа во која треба? Станува збор за високо квалификуван кадар школуван 20 години надвор од државата и не треба да праќаме порака дека тоа не треба д асе цени. Некому му смета Македонците што се успешни да се вратат тука“, рече министерот Николовски.

На забелешките од новинарите дека нема потреба од нервоза тој врати со „одговорив децидно, длабински, без нервоза, со комплетна неоптеретеност“.

Семејните и партиски вработувања во М-НАВ станаа посебно актуелни по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека во компанијата се вработувало до трето колено.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.