Advertisement
СДСМ соопшти дека на ниту еден политичар не му личи да шири невистини на најголемиот национален и државен празник, Илинден.
Advertisement
„Но, кога е Мицкоски во прашање нема ништо свето ниту значајно за него.
Граѓаните се за ЕУ.
Само Мицкоски е против ЕУ, заедно со неговиот партнер Димитар Апасиев, кој за Илинден си се шета низ улиците на една соседна држава“, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ смета дека тоа е друштво против ЕУ кое брани туѓи интереси.
„Северна Македонија почна преговори со ЕУ и враќање назад нема да има, ниту пак скршнување лево или десно од европскиот пат а најмалку кон Исток“, велат од партијата.
Advertisement