СДСМ ја напушти седницата: „Не учествуваме во предавство“

News

СДСМ тврди дека нивната предлог-резолуција не била ни предадена во Собранието затоа што ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, не дозволила ниту да се отвори расправа, ниту документот да се поднесе.

Од партијата наведуваат дека наместо дебата, од владејачката партија добиле закани со тужби, а темата се обиделе да ја префрлат на општините, кои, според СДСМ, немаат надлежност за вакво национално прашање.

СДСМ вели дека резолуцијата ја објавиле јавно и со денови повикувале таа да биде заеднички поднесена и потпишана. Како „последен обид“ го посочуваат денешното обраќање во Собранието, каде што, според нив, не им било дозволено да зборуваат за предлогот, а премиерот и министрите „избегале“ од пратенички прашања и од дебата.

Поради тоа, нивните пратеници ја напуштиле седницата „во знак на протест“, со порака дека нема да учествуваат во, како што ја нарекуваат, „предавничка политика“ и дека СДСМ нема да биде „прекривка“ за тоа.

Во соопштението, СДСМ дополнително тврди дека власта сака да турка „контра-резолуција“ и дека јавноста, според нив, веќе јасно гледа што се случува. „Борбата допрва продолжува“, порачуваат од СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *