Седум млади „паднаа“ пред полицијата, најголем дел од уапсените се од Скопје

news
Advertisement

Денеска (04.12.2022) во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 03.12.2022 во 22.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

На 03.12.2022 во 20.00 часот на ул.„Букурешка“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Г.(22) и М.Н.(21), двајцата од Скопје, затоа кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.12.2022 во 02.30 часот на бул.„8 Септември“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.К.(26) и З.З.(26), двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена бела прашкаста материја која претходно ја фрлиле. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.