Секс туризмот – премногу профитабилен за да го забранат

news
Advertisement

Јонас Мартини, РСЕ
Црвените светла во Амстердам се магнет за туристите
Многу туристи бараат сексуални авантури и се подготвени да платат за тоа. Нивни жртви стануваат и малолетниците. Сепак, популарните туристички дестинации претпочитаат да замижуваат пред проблемот.
Кога ноќта паѓа над Плаја де Палма, улиците на најголемата туристичка област на Мајорка оживуваат. Многу жени, повеќето од Нигерија, ги нудат своите услуги на помалку од сто метри од плажата. Нивните клиенти се речиси исклучиво туристи.

„Туристите секако ја зголемуваат побарувачката за сексуални услуги во Мајорка“, вели Росио Лопез од „Доктори на светот“, која води кампања за заштита на проститутките на островот. Според здружението, во текот на летните месеци бројот на проститутки се удвојува.
Црвените светла во Амстердам се атракција
Експертите нагласуваат дека сексуалниот туризам е повеќеслојна појава која постои во сите земји во светот – без разлика дали се тоа туристи во Мајорка, возачи на камиони во САД, иселеници во Берлин, Манила и Рио де Жанеиро или патници на крстарења во Доминиканската Република. Феноменот се протега и на Европските жени кои бараат сексуални авантури на плажата во Момбаса. „Еротиката и сексуалните авантури се дефинитивно мотив за патување“, вели Антје Моншаузен од специјализираната единица „Турист опсервер“ на хуманитарната организација „Леб за светот“. „Не е случајно што областите со црвено светло, како на пример во Амстердам, се туристичка атракција.
Само во Шпанија проституцијата е бизнис со милијарда обрт – десетици илјади жени заработуваат на овој начин. Никој не го знае нивниот точен број, бидејќи се работи за нерегулирана дејност.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.