Села си поднесе оставка по резултат во Тетово- зошто не поднесува и Апасиев?

news
Advertisement

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на својот Фејсбук даде свој коментар на оставката на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

-Зијадин Села си поднесе оставка од претседателското место во Алијанса за Албанците по вчерашниот резултат во Тетово- Апасиев покана ли чека за оставка, напиша пратеникот.

Села даде оставка од претседателската функција , откако неговата партија вчера не освои ниеден советник на локалните избори за Советот на Општина Тетово. АА во минатиот состав имаше тројца советници.
„Разговаравме за резултатите од изборите, стојам на ставот дека Тетово не е само еден град или населба, но сепак резултатите се лоши и затоа давам неотповиклива оставка Подоцна Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата“, рече Села.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.