Села: Целта на Таравари е да ја подели Алијанса за Албанците

news
Advertisement

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за телевизијата Клан изјави дека претседателот на партијата, Арбен Таравари се однесува детски и постапува под туѓи директиви, остварувајќи средби со други лидери без при тоа со него да отиде и друг член на раководството на партијата. Според Села, ваквото однесување не доликува на партиски лидер, а целта била поделба на партијата.

Advertisement

Коментирајќи ги случувањата во партијата, тој истакна дека не се разделиле со првиот човек на АА, туку дека Таравари одлучил да ги заобиколи партиските тела и да ја прошверцува партијата.

Неделава ќе се официјализира коалицијата на албанската опозиција заедно со Алијанса на Таравари

-Таравари реши годинава да ги заобиколува партиските тела, не доаѓаше на состаноци, а одеше на тајни средби со други лидери без при тоа со него да отиде и друг член на раководството на партијата. Покажа детско однесување што не доликува на лидер, вели Села.

Села ја оцени средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Приштина како тајна и нетранспарентна, бидејќи Таравари со себе не повикал ниту еден член на партијата.

Тој додаде дека Курти на средбата не инсистирал на ништо, само сакал да добие информации за политичките случувања во Македонија.

Донесена иницијатива Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците

Претседателот на Централното собрание на АА порача и дека тој е најзаслужен за тоа што Арбен Таравари стана политичар.

– Во 2016 година никој политички не го познаваше Арбен Таравари. Во 2014 И 2015 година кога го започнав Движењето за реформи, го поставив за генерален секретар. Во 2016 година беше втор на листата за пратеник во изборната единица број 1. Загуби. После тоа го направив министер за здравство, напредуваше – рече Села и додаде дека на локалните избори во 2017 година коалицирал со Беса за Таравари да стане градоначалник на Гостивар.

Зијадин Села заклучи дека коалицирањето со опозициските албански партии не гарантира промена, а Алијанса за Албанците ќе оди сама на парламентарните избори на 8 мај.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.