Селекторот на Мароко се покажа како господин по поразот во историскиот меч

news
Advertisement

Африка ќе продолжи да сонува медал на Светските првенства, затоа што Мароко загуби од Хрватска (1-2) во „малото финале“. Лавовите од Атласот имаа свои шанси кои не ги искористија, а селекторот Вахид Реграгуи се покажа како господин по мечот.

Advertisement

Овој тренер пред три месеци ги презеде Мароканците, а им го донесе најголемиот резултат во историјата. Иако имаше негодувања за време на мечот од страна на Реграгуи кај арбитрите, сепак, тој призна дека победил подобриот тим, во стил на голем спортист.

„Сигурно дека ќе научиме доста од ова СП. И понатаму сме среќни и горди за постигнатото. Да се биде четврти на вака голем настан не е мала работа. Честитки за Хрватите, заслужија да бидат трети. Околу судиите, не треба да дозволиме тие да бидат во центарот на вниманието на натпреварите. Ние ќе научиме доста од нашиот настап и ќе се вратиме посилни. Уште еднаш, честитки до Хрватска на заслужениот медал“, изјави селекторот на Мароко.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.