Серија земјотреси на Балканот – утринава во БиХ, синоќа во Хрватска и Албанија

news
Advertisement

Два земјотреси доцна синоќа се регистрирани и во Хрватска, а вчеравечер потрес е регистриран и во Албанија
Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Босна и Херцеговина (БиХ).
Потресот, како што објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), се случил утринава во 7:42 часот по локално време, на длабочина од пет километри. Епицентарот на земјотресот, според ЕМСЦ, бил на оддалеченост од 36 километри од Мостар, а на четири километри од градот Столац, каде што пред две години, исто така, имаше серија силни земјотреси.
Два земјотреси доцна синоќа се регистрирани и во Хрватска.
Првиот, со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала, се случил 55 минути по полноќ на длабочина од осум километри, а епицентарот, според ЕМСЦ, е регистриран на осум километри од Загреб.

Advertisement

Три минути по првиот, регистриран е и втор посилен земјотрес со јачина од 2,8 степени, исто така, во околината за Загреб. Вториот бил на длабочина од 4,6 километри.
Освен во Хрватска, вчеравечер земјотрес е регистриран и во соседна Албанија.

Потресот со јачина од 3,4 степени се случил во 20:59 часот по локално време на oддалеченост од 19 километри од Валона, а на длабочина од 10 километри.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.