Се огласија од МВР: 17-годишна девојка со камен го мавала починатото дете пронајдено во р.Пена

news
Advertisement

На 22.12.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала 16-годишниот малолетник од с.Ново Село, општина Желино, кој вчера во 07.10 часот беше пронајден починат во водите на река Пена на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, информираат од МВР.

Advertisement

-Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово. Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил пуштен. По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, додаваат од МВР во соопштението испратено до медиумите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.