Се очекува големо невреме над Македонија

news
Advertisement

До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Advertisement

Според УХМР, денеска околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и во скопската котлина, а во некои делови ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.