Се расчистуваат наносите и паднатите дрвја од невремето во кое беа повредени двајца

news
Advertisement

Од рано утрово екипи на скопските комунални претпријатија и надлежни служби се на терен и ги раачистуваат остатоците од вчерашното невреме.

Advertisement

Се работи на расчистување на наносите од улиците и се прочистуваат одводните канали кои вчера не ја аобра водата од врнежите.

Низ Скопје има стотици паднати и искорнати дрвја чие отстранување започна рано наутро.

Водата во најголем дел од градот се повлекува иако има заостанато вода во подрумските простории и подземните гаражи.

Во невремето, според ЦУК, повредени се двајца во Бутел кога врз нивниот автомобил во движење паднало дрво. Станува збор за полесни повреди.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.