Се случило ЧУДО: Маж кој бил прогласен клинички мртов во последен момент покажал знаци на живот!

news
Advertisement

Маж кој бил прогласен за клинички мртов, почнал да дава знаци на живот само неколку минути пред неговите органи да бидат донирани.
Рајан Марлоу од Северна Каролина поминал две недели во болница со листерија, ретка бактериска инфекција, пред лекарите да го прогласат за клинички мртов.
Неговата сопруга Меган открила дека и било кажано дека состојбата на нејзиниот сопруг се влошила поради оток на мозокот, што довело до „мозочна смрт“, пренесува Mirror.
Бидејќи Марлоу бил регистриран донатор на органи, лекарите ѝ рекле на неговата сопруга дека ќе го задржат неговото тело на апарати за одржување додека не пронајдат луѓе компатибилни да ги добијат неговото срце, белите дробови и црниот дроб.

Advertisement

Семејството договорило средба во болницата на 30. август за да се прости од Рајан. Меѓутоа, кога семејството му пуштило видео од неговите три деца, внуката на Меган забележала дека на Рајан му се грчат стапалата.
„Плачам и не сакам да добијам лажна надеж. Ова се случува кога луѓето се мозочни мртви. Можни се рефлекси“, рекла таа на својот Фејсбук каде ја документирала неговата приказна. И покрај тоа, таа на лекарскиот тим му рекла дека сака да ги тестира мозочните функции на нејзиниот сопруг.
„Медицинскиот тим буквално стоеше таму и чекаше да го одведат. Се свртев кон медицинската сестра и им реков веднаш да прекинат со се. Сакав да се направат тестови за да се уверам дека тој навистина е мртов”, објаснила таа.
Се испоставило дека КТ скенирањето на Рајан покажало дека сè уште има проток на крв во неговиот мозок, што значи дека е во „длабока кома“.
https://www.facebook.com/people/Ryan-Marlow/100013061228196/
„Поради ретките околности, повикаа стручна комисија и открија дека грешат. Мојот сопруг, всушност, не умре. Ќе ви ја кажам целата приказна друг ден, но Рајан не е мозочно мртов. Бог го чуваше тука. Сега требаше да биде во погребалното претпријатие“, рекла таа.
Иако, како што истакнала Меган, нејзиниот сопруг продолжил да покажува одредени рефлекси и знаци на забрзано чукање на срцето, тој се уште не реагирал и неговата состојба е неизвесна.
Но, Рајан се опоравува, како што бележи неговата сопруга, и ужива во секој нов ден, со своето семејство.
Инаку, листеријата најчесто се добива со јадење храна која ја содржи истоимената бактерија – вклучувајќи варено месо на парчиња и непастеризирани млечни производи.
Бројките од Центрите за контрола и превенција на болести проценуваат дека околу 1.600 луѓе заболуваат од листерија во САД секоја година, додека околу 260. од нив умираат од инфекција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.