Се срамам како лекар и како министер, вели Меџити

news
Advertisement

Не е дека нема буџет во здравствените институции, но нема ред и нема дисциплина. Секоја здравствена установа во Македонија добива буџет од Фондот за здравствено осигурување, но имаме слаб менаџмент што го оставаме да работи по неколку години а немаат никаков резултат, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити, одговарајќи на прашањата на пратениците на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Advertisement

Меџити рече дека ќе даде се од себе, заедно со сите граѓани за изградба на здравствениот систем за да заличи на, како што рече, како што наликува на една сериозна држава.

-Навистина размислуваме за одговорно решавање на проблемите за пациентите кои мора да патуваат назад во другите градови во тешка состојба после тешките терапии за да ги решиме овие проблеми еднаш засекогаш, тоа е најбитно во здравството, додаде Меџити.

Во однос на недостигот на кадри, Меџити рече дека министерството има иницијативи за трансформација на работниците со договор да бидат на неопределено време.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.