Advertisement
Вчера во 17.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, пред влезот за с.Дуф, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сим 250“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од О.Ч.(26) од Република Албанија и товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.И.(26) од с.Дуф.
Advertisement
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Advertisement