СЕ УДАВИ ПОЗНАТИОТ АКТЕР Неговото безживотно тело е извлечено од морето

news
Advertisement

Австралискиот актер Питер Харди почина на 67-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

Advertisement

Како што објавија локалните медиуми, Харди се удавил на плажа во Западна Австралија, а неговото безживотно тело било извлечено од водата на Саут Бич во Фремантл околу 10 часот наутро во четвртокот на 16 март.

Случајните минувачи се обидувале да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, но за жал, безуспешно. Непосредно пред трагедијата, тој на социјалните мрежи објави фотографија од плажа: „Повеќе причини да бидете радосни“.

Питер Харди беше најпознат по улогата во легендарните серии „Ќерките на МекКлауд“, „Соседи“ и филмот „Чопер“.

Роден е во Перт, но долги години живеел во Лондон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.