Се шири пожарот кај неготинско Дуброво, гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци

news
Advertisement

Се шири пожарот кај неготинско Дуброво, гаснат пожарникари од Неготино и Кавадарци, велат од ЦУК.

Advertisement

Според вонредната информација од РЦУК – Велес, тие од ТППЕ Неготино во 17:25 часот биле известени за пожар на отворен простор во атарот на село Дуброво, каде горела сува трева и шума.

– Заради засилен ветер пожарот се проширува со голема брзина. На терен интервенираат ТППЕ Неготино со 12 пожарникари и три ПП возила и ТППЕ Кавадарци со тројца пожарникари и едно возило џип, се вели во вонредната информација до МИА.

Неготинци се надеваат дека дождот што почна да паѓа во градот пред некое време, ќе им помогне на пожарникарите да го изгаснат пожарот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.