Се јави Артан Груби за опожареното возило, еве кому се извини

news
Advertisement

Вицепремиерот Артан Груби се огласи на Фејсбук во врска со опожареното возило. Toj се извинува за непријатната случка.

Advertisement

„Им се извинувам на сите мои соседи во нашето маало за големата загриженост што ја доживеаја синоќа пред зградата во која живеам, од причините на мојата професија. Им се извинувам и на мојот пријател и на неговото семејство за штетата предизвикана исклучиво поради мојата професија. Во политиката сум за да служам и оставам траги со работа и дела, а не да ги тероризирам семејството, соседите и општеството. Континуираните закани и последователните напади ги сметам за кукавичлук и подмолно, но немам намера да се откажам и да се повлечам од работата и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. Се извинувам што мојата и грижата на моето семејство се претворија во грижа и на соседите и на општеството. Благодарен на сите мои соседи, како и на безбедносните сили и нивните напори да го елиминираат синоќешниот напад. Ви благодариме и на сите вас за големата поддршка!“, напиша тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.