Си го смени името во „Буквално кој било друг“ и најави кандидатура на изборите во САД

news
Advertisement

Дастин Ибеј од Тексас го смени името во „Буквално кој било друг“ и најави дека ќе се кандидира на изборите за претседател на САД.

Advertisement

Ибеј рекол дека сака да го промени името, бидејќи не е задоволен од претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп, пренесува „Гардијан“.

– Триста милиони луѓе можат подобро. Навистина треба да постои некој излез за луѓето како мене на кои им е преку глава од оваа постојана размена на моќ помеѓу две страни од кои обичниот човек нема корист – навел Дастин Ибеј, односно „Буквално кој било друг“.

За да се појави на гласачките ливчиња на изборите во Тексас во ноември, нему му требаат најмалку 113.000 потписи.

Бидејќи тоа е малку веројатно, „Буквално кој било друг“ ги повикува гласачите да го допишат неговото име.

– Американците премногу долго беа жртви на политичките партии кои лојалноста кон партиите ја ставаа над управувањето со државата. Ајде заедно да испратиме порака до Вашингтон и да кажеме: „Или ќе нѐ претставувате или ќе бидете сменети“ – рекол „Буквално кој било друг“

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.