Вештачка интелегенција – би можела да укине 7,9 милиони работни места во Британија

news
Advertisement

Развојот на вештачката интелигенција би можел да доведе до укинување на 7,9 милиони работни места во Велика Британија, а најзагрозени категории се жените, младите работници и вработени кои се послабо платени, се вели во новиот извештај на Институтот за истражување на јавните политики.

Advertisement

Институтот истакна дека воведувањето нови технологии за вештачка интелигенција во следните три до пет години според „најлошото можно сценарио“ најмногу ќе ги загрози работните места со скратено работно време, почетните позиции на работа и административните работни места, пренесува „Гардијан“.

Голем број британски компании прифаќаат генеративни технологии за вештачка интелигенција, кои можат да читаат и креираат текст, податоци и софтверски код, за да ги автоматизираат секојдневните задачи на работното место.

Анализирајќи 22.000 задачи во економијата кои покриваат секаков вид на работа, Институтот за истражување на јавните политики наведува дека 11 отсто од задачите што моментално ги извршуваат работниците се загрозени.

Ова, сепак, може да се зголеми на 59 проценти од задачите во вториот бран бидејќи технологиите се развиваат за да се справат со сè покомплексните процеси.

Генеративната вештачка интелигенција може да доведе до големи пореметувања на пазарот на трудот или да поттикне економски раст, и во секој случај ќе ги промени животите на милиони луѓе, рече вишиот економист во Институтот, Карстен Јунг.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.