Скандалозно тврдење на родител на петмесечно бебе за третман на детската клиника

news
Advertisement

„Ставете му инфузија и пуштете го дома, не е ништо страшно!“

Advertisement

Ваква насока, според тврдењата на родителите првично добиле дежурните лекари од директорката на Детската клиника за петмесечно бебе позитивно на ковид кое имало и тахикардии, а петокот кон саботата ноќта однеле таму поради висока температура. Сепак, како што објаснува таткото, докторите сепак не ја послушале наредбата на директорката и решиле да оспособат соба на оддел кој бил празен и затворен за да му помогнат на бебето. Но, во моментот немало кадар и викнале сестра од друго одделение за да му ја погодат вената. Но, и таа не успеала, па повикале и друга која исто имала неуспешен обид, па родителите решиле да ја напуштат болницата и да го лекуваат дома.

-Директорката, во разговорот што го слушав меѓу нив, телефонски, им рече дајте им една инфузија и пуштете ги дома, не е страшно. На тоа докторите одговараа, како не е страшно 220 пулс со вакви резултати да пуштиме петмесечно дете дома, не е само за една инфузија работава. Веројатно не ја интересираше, па ни рекоа, влезете, ние сме дежурни, но еве видете, не пуштија внатре, ние немаме доволно опрема, немаме доволно кадар.

Таткото е задоволен од лекарите, вели, може не се стручни токму за толку мало бебе, но недовербата во системот ги натерало да се обидат сами да го лекуваат бебето, кое сега е дома и е подобро.

Го боцкаа, не можеа веничка да најдат, целото беше исполепено, по зглопчиња, по лакт, по стапала, по дланки, со фластери и завои, изнемоштено. Чаршавчето што лежеше на креветчето со флеки крв, како со отворена рана да лежел некој пациент.

Директорката на Клиниката Стојка Фуштиќ во одговор за Канал 5 негира дека било кога бил одбиен прием на дете кај кое има индикација за хоспитализација.

-Дежурниот педијатар одлучува за третманот, а не директорот. За конкретниот случај во моментот немало слободна изолација на одделот, поради што детето е сместено во стационарниот дел на Ургентната амбуланта. Истиот простор се користеше и во ковид пандемијата како филтер зона. Тоа што сестрата по втор обид не успеала да постави венска линија не е нешто невообичаено.- Стојка Фуштиќ – Директорка на Универзитетска клиника за детски болести.

Од Министерството за здравство за Канал појаснуваат дека сега нема веќе ковид центри туку секоја здравствена установа која згрижува пациенти, треба да хоспитализира и ковид позитивни во соби изолирани од останатите. Единствено случаите со потешка клиничка слика, за кои постојат индикации за специфичен третман, се упатуваат на Инфективна клиника.

Извор: https://kanal5.com.mk/skandalozno-tvrdenje-na-roditel-na-petmesechno-bebe-za-tretman-na-detskata-klinika/a602495

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.