Advertisement
Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес предизвика голем скандал, откако „Ел Конфиденсијал“ објави кои три клубови не му се омилени и тоа предизвика гнев во Ла Лига.
Advertisement
Магазинот објави порака која Рубиалес ја испратил до неговиот татко, а притоа во неа напишал дека ги мрази Вилјареал, Севилја и Валенсија.
„Вилјареал, Севилја и Валенсија, по тој редослед“, напишал првиот човек на шпанската федерација.
По пораката која се појави во јавност, екипи реагираа жестоко и побараа јавно извинување од страна на Рубиалес.
Advertisement