СКОПЈАНЕЦ ДЕМОЛИРАЛ БАНКА НА БИТ-ПАЗАР Сакал да подигне дебитна картичка без да приложи лична карта

news
Advertisement

Вчера во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).Околу 15.00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката. Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело насилство“, наведено е во полицискиот билтен.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.