Скопје – Север има гас само за наредните три дена – ЕСМ нема да им даде пари поради долгови од минатата година

news
Advertisement

ЕСМ нема да даде пари на топланата Скопје – Север поради долгови од минатата грејна сезона.

Advertisement

Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена. Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берзата, претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.

Logo

Македонија
Скопје – Север има гас само за наредните три дена – ЕСМ нема да им даде пари поради долгови од минатата година

Автор:
Деск
17/10/2022 18:51

ЕСМ нема да даде пари на топланата Скопје – Север поради долгови од минатата грејна сезона.

Директорот Куштрим Рамадани одново ги повика надлежните да изнајдат начин да помогнат бидејќи гас има само за следните 3 дена. Вели дека до крајот на март на располагање имаат 1 милион евра за набавка на енергенси но со сегашните цени на берзата, претпоставките се дека трошоците би се зголемиле најмалку двојно.

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека кога Скопје – Север ќе ги плати долговите од минатата година, дури тогаш ќе му помогнеле финансиски или преку набавка на гас.

„Што се однесува до топлана Север ние како компанија минатата година склучивме договор со топлана Север, договор за деловно-техничка соработка кој што е ист договор, формално-правно не е дозавршени поради тоа што нивниот сопственик Топлификација АД Север се уште тој договор не го има потпишано и ги нема дадено потребните гранации за обезбедување на средствата кои што претходната година ги дадовме за набавка на природен гас и тоа се околу 23 милиони денари. Ги известивме во неколку наврати топлана Север дека треба да се заврши претходниот циклус односно тие средства треба да се вратат кон ЕСМ, а ЕСМ да ги врати преку посебната наменска сметка во Буџетот, затоа што тие шест милиони евра минатата година од Владата беа испорачани до ЕСМ за менаџирање на топлинската енергија“, вели Васко Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.