Обвинителството во Гевгелија откри грозоморни детали за убиството што се случи на 11 јануари. Маж од Богданци е осомничен дека на свиреп начин и го одзел животот на сопствената мајка по банална расправија.
Нападот бил брутален Според истрагата, расправијата почнала околу лекувањето на синот. Тој прво ја нападнал мајка си со кујнски нож, задавајќи и рани во главата и вратот. Кога ножот се скршил, тој не престанал – зел ножици и продолжил со нападот. Откако и ножиците се свиткале, зел друг нож и фатално ја прободел.
Итно барање за притвор Несреќната жена починала на лице место од тешките повреди. Обвинителството веќе побара притвор за убиецот поради опасност од бегство и страв дека може да го повтори делото. Истрагата за овој крвав настан продолжува.