СЛАВЕСКИ ЌЕ ЈА ТУЖИ ДАНЕЛА АРСОВСКА: Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте

news
Advertisement

По обвинувањето за фалсификување потписи, претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, најави тужба за клевета против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Advertisement

Арсовска за време на денешната итна седница на Советот на Град Скопје го обвини Славески за фалсификување потписи.

„Таа ќе добие тужба за клевета затоа што јас не сум фалсификувал потписи, јас не можам да фалсификувам мој потпис. Мој потпис е ставен на гласање ЗА за две советнички што ги вклучивме онлајн на седница на Советот, едната поради патолошка бременост, другата поради лекување од рак. Тоа е тешко обвинение за фалсификат. Јас ги имам списоците, имам копија со знаење на сите тука, на службите, јас имам потпишано со ЗА до нивните имиња, јас не можам да го фалисикувам мојот потпис“, кажа Славески.

Славески заклучи дека градоначалничката Арсовска не придонела во работата на Советот, туку држела политички говор.

„Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте, тука се работеше“, рече Славески.

И претходно имаше седници каде двајцата влегуваа во конфликт, а Славески во една прилика го исклучи микрофонот на Арсовска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.