Фабриката „Магна“ во Алексинац која затру 162 работници нема да работи до понеделник

news
Advertisement

Фабриката „Магна“ во Алексинац, каде за 24 часа во два наврати поради вдишување на се уште неидентификувани испарувања беа затруени 162 работници, нема да работи до понеделник. До тогаш се очекува да биде извршена истрагата и сите потребни мерења.

Advertisement

По налог на обвинителството во Алексинац, фабриката е испразнета и цело време е под надзор на полицијата, а денеска, според процедурите, инспекциите го извршија својот дел од проверките.

Извештаите од увидот пак, денеска ќе му бидат доставени на обвинителот, а утре институциите од Белград или Нови Сад ќе извршат детални мерења во производниот погон каде што се затруја работниците.

„Обвинителството не ја затвори фабриката, туку беше наредено да се прекине со работа за да може непречено да се спроведе истрагата и да се извршат двете неопходни мерења. Се додека не се открие што го предизвикало труењето на работниците, фабриката нема да работи“, вели изворот на Нова.

Работник од фабриката „Магна“ во Алексинац за Блиц ги опишал драматичните моменти на труење од засега непознати испарувања, што се случиле во текот на изминатата ноќ.

„Половина час по полноќ започна хаос. Тоа е чешање на грлото, огромна кашлица, се чувствувате како да повраќате, но немате што да исфрлите. Една жена искашлала крв. Неколку работници се онесвестиле. „Да не видов што се случува, немаше да верувам“, вели соговорникот на Блиц.

Ова е второ труење во изминатите 24 часа што се случи во споменатата фабрика. Во текот на изминатата ноќ лекарите укажале на 58 работници со симптоми на труење, додека ноќта меѓу 17 и 18 јануари 104 работници поради истите респираторни проблеми завршиле на лекарска ординација.

Откако го измериле квалитетот на воздухот и констатирале дека е чист, третата смена работници синоќа се вратиле на работа во фабриката не знаејќи што ќе се случи.

ИЗВОР. https://a1on.mk/region1/fabrikata-magna-vo-aleksinac-koja-zatru-162-rabotnici-nema-da-raboti-do-ponedelnik/?fbclid=IwAR0LbSlsjZAABbr8lPtQF_m2mwZAsX08kdZX-Ge3l6YOgB_IBn0fwG77HMM

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.