Лидерот на „Има таков народ“ првпат го исполни законот и се пријави во Комисијата за спречување судир на интереси и противправно стекнат имот . Во пријавата поднесена од негова страна стои дека поседва 5,3 милиони евра во банка, расположливи 1,1 милиони лева и 210 илјади лева приходи од други вработувања.
Трифонов со години не поднесуваше декларација за имот и за тоа плаќаше казна.
Во 2022 година, според неговата декларација, купил куќа со двор во Софија за 1,3 милиони лева. Имотот е со изграден на површина од 916 метри квадратни, а изворот на средствата е ликвидационен удел. Трифонов лани продал парцела од 3,7 декари во родното село Тодорово кај Плевен за 10.000 лева.
Слави Трифонов ги објави и своите акции во три акционерски друштва, што веќе подолго време е информација од јавен карактер. Станува збор за „Алт плеер“ АД каде има 29.994 акции за близу 300 илјади лева, „Седем Осми“ АД за 9 милиони лева и „Сет 666“ АД за 50 илјади лева.