Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекуваат поларни утра – температурите може да се спуштат до -15 степени“
Метеорологот Славчо Попоски најавува значително намалување на температурите, како и врнежи од снег. За време на викендот, пак, утринските температури можат да се спуштат и до -15 степени Целзиусови.
slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-ochekuvame-polarni-utra-temperaturite-mozhe-da-se-spushtat-do-15-stepeni-01.jpg
Реклама
Утрово нè дочекаа мошне ниски температури, како и слаби врнежи од снег на повеќе места низ Македонија, а според метеорологот Славчо Попоски, можеме да очекуваме уште постудени денови.
Неговата прогноза во продоложение:
Во текот на минатата вечер, врнежи од снег со слаб до умерен интензитет имаше на повеќе места низ Македонија.
На планините и на скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка.
Реклама
slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-ochekuvame-polarni-utra-temperaturite-mozhe-da-se-spushtat-do-15-stepeni-03_copy.jpg
Од денес ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кои на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.
Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.
Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.
Во сабота и во недела очекуваме поларни утра и температурите на воздухот понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Нови обилни врнежи од снег и нов циклон, барем според сегашните резултати на нумеричките модели, очекуваме веќе следната седмица