Од денес (недела) па се до средината на следната седмица, односно некаде до среда, нашата територија ќе биде под влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Италија. Токму поради ова и атмосферата ќе биде исклучително нестабилна и исполнета со многу енергија, и тоа поради долготрајниот екстремно топол бран “ЛУЦИФЕР” кој полека го губи својот интензитет. Во ваква ситуација, се очекува да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На повеќе места во Македонија ќе има и појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град. И во Скопската котлина од денес (недела) во попладневните часови, па се до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град

Следуваат обилни врнежи и силно невреме: од денес до среда ќе има нов циклон
Advertisement
Advertisement
Advertisement