Сликај го моето дете, му велел таткото на фоторепортерот што ја направи најтажната слика по земјотресите

news
Advertisement

Фоторепортерот на АФП, Адем Алтан, пред два дена направи шокантна фотографија од земјотресот во Турција која го обиколи светот.

Advertisement

Ниту една фотографија што ја направил во својата 41-годишна кариера не може да се спореди со фотографијата на татко кој го држи за рака своето дете под урнатините.

Тоа беше момент што ја сумира неискажливата болка од земјотресот во Турција: татко во Кахраманмарас ја држи за рака својата 15-годишна ќерка, единственото нешто што се гледа од нејзиното тело згмечено од бетон.

Месут Ханчер седеше сам на купот скршени тули што некогаш беа негов дом, несвесен за светот и обземен од тага. Неговата ќерка Ирмак била мртва. Но, тој одбил да ја пушти, галејќи ги нејзините прсти кои се стрчеле од душекот на кој спиела девојката кога во понеделникот се случил првиот земјотрес.

Фоторепортерот Алтан, кој се упатил на местото на настанот од Анкара, не можел да го тргне погледот од неподвижниот татко кој немо тагувал.

Тој ја насочил камерата кон Ханчер од далечина од 60 метри. Но, наместо да го избрка, таткото го поканил фотографот кај себе. „Сликај го моето дете“, му рекол со растреперен глас.

-Кога погледнав подобро, видов дека го држи детето за рака, па почнав да се сликам. Го прашав како се вика. Тој ми одговори „Месут Ханчер“. Потоа го прашав како се вика неговото дете. Тој ми одговори дека ќерка му се вика Ирмак, изјави Алтан за Гардијан.

Продолжив да фотографирам откако ми рече да ја сликам ќерка му. Си помислив „каква неподнослива болка. Очите ми беа полни со солзи и беше тешко да не заплачам додека ги фотографирав. Почекав малку по фотографирањето, очекувајќи некој да дојде и да го однесе малото девојче. За жал, не дојде никој“, изјави фоторепортерот за Гардијан.

Алтан морал да ги остави Ханчер и Ирмак за да продолжи со документирање на уништувањето за агенцијата АФП, каде што работи во последните 15 години.

„Но, ме интересираше што се случи со нив, па следното утро се вратив во урнатините каде што беа таткото и ќерката. Не знам што се случи со таткото. Тој не беше таму кога пристигнав следниот ден , а ниту неговата ќерка“, рече тој.

Сликата го прикажува физичкото и емоционалното уништување на земјотресот и ја документира непоколебливата љубов на таткото кон својата ќерка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.