Слободанчо Василев најдобар во натпревар во јадење лути пиперки во Кавадарци, Весна Јаневска втора

news
Advertisement

Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во вечерашниов меѓународен натпревар во јадење лути пиперки во Кавадарци и освои лцд телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми. Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, наградата е ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.

Advertisement

Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”. Настанот што се одржа во кавадаречка гостилница, беше насловен „Супер лут предизвик”.

Организаторот информираше дека за сите натпреварувачи следуваа вредни награди. Неколку спонзори го поддржаа овој натпревар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.