Advertisement
Снег го забели дебарскиот регион, снег врне и на Стража
Иако е втора половина од април, пролет, дебарскиот регион се забели од снегот што врне. Снег врне и на превалецот Стража, како и на повеќе други повисоки места.
Advertisement
Засега снегот не создава проблем во одвивањето на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.
„Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем“, вели Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални .
Advertisement