Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу

news
Advertisement

Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Advertisement

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

-Констатирам дека на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери.

Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.